Дома Фудбал Неверојатно: Реал добил 20 понуди за еден играч!

Неверојатно: Реал добил 20 понуди за еден играч!

Шпанските медиуми пренесуваат неверојатна вест. Дваесет клубови се обиделе да го донесат играчот на Реал Мадрид ова лето, но Зидан кажал НЕ.

Ова лето Зинедин Зидан донесе одлука да не го менува својот тим, освен приклучување на неколку млади фудбалери, како Тео Хернандез и Дани Себаљос.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Медиумите во Шпанија денес потврдија дека најбаран фудбалер на Реал Мадрид бил Љоренте и дека дури 20 клубови се обиделе да го донесат младиот играч за врска на едногодишна позајмица.

Имало и такви кои биле спремни да го купат веднаш, како ПСЖ, Севиља и некои италијански клубови, но Зидан инсистирал да остане.

Љоренте потекнува од школата на Реал Мадрид и минатата сезона ја помина на позајмица во Алавес, каде одигра одлично и го привлече вниманието на многу клубови во Шпанија и Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…