Дома Македонски спорт Победа со пораз, но и со големи забелешки на судењето се враќа од С.Ирска

Победа со пораз, но и со големи забелешки на судењето се враќа од С.Ирска

Во првиот меч во младинската Лига на Шампиони екипата на Победа на гостувањето на Колерајн беше поразена со 3:2, иако на полувреме младинскиот шампион на Македонија имаше предност со 2:1 со двата гола на Филип Тодороски.

Домаќините го добија мечот во второто полувреме кога Победа одигра нешто послабо, а тие тоа го искористија за да направат пресврт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Победа сепак имаат забелешка и на судењето:

„Посебно треба да се потенцира ,,домаќинско то” судење на Овен од соседен Велс кој во 39-тата минута не досуди пенал за Победа а во текот на целиот меч имаше низа одлуки во корист на домаќините-фаул за голот за 2-2 и поклон фаул на 16 м во 88-ма минута со ѕид вратен на 10 метри…“, соопштија од клубот.

И покрај поразот со својата игра во поголем дел од првиот дел младинците на Победа покажаа дека имаат изгледни шанси на реваншот во Скопје на 5 октомври да ја анулираат негативата од С.Ирска и да изборат 2 коло и двомеч со победникот од дуелот Генк-Славија Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…