Дома Фудбал Газдата на ПСЖ до УЕФА: Истражете ги трансферите на Барселона

Газдата на ПСЖ до УЕФА: Истражете ги трансферите на Барселона

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи побара од УЕФА детално да се истражат финансиските зделки кои Каталонците ги направија ова лето.

Барселона и покрај сериозните финансиски проблеми летово успеа добро да се засили и потроши голема сума на пари. Парите Каталонците ги заработуваа така што ги продаваа своите маркетиншки права и дел од нивните телевизиски и дигитални прави.

За Ал-Келаифи ваквата ситуација создава нелојална конкуренција.

„Ако ме прашувате дали е фер ќе ви одговорам – не е! Дали е законско? Тоа не можам да ви кажам, затоа што не знам и не сум толку упатен“, изјави Келаифи.

Токму неговиот ПСЖ често пати во јавноста е критикуван дека користи фиктивни спонзорски договори за да пумпа пари во клубот и да создава финансиска предност на трансфер пазарот во однос на другите клубови.

Во овој момент Ал-Келаифи е и претседател на Европската клупска асоцијација каде што дојде на местото на Андреа Ањели после целиот хаос со Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го врза Ѓулер до 2032: Нов договор и повисока плата за Турчинот

Арда Ѓулер ја продолжи соработката со Реал Мадрид до 30 јуни 2032 година, откако се наметн…