Дома Фудбал Репрезентации Скалони ќе ги води Меси и друштвото во наредните четири години

Скалони ќе ги води Меси и друштвото во наредните четири години

Селекторот на Аргентина Лионел Скалони ќе остане на клупата на „Гаучосите“ уште четири години.

Скалони за одличните резултати е награден со нов договор според кој би требало да го заврши циклуост на Мундијалот кој ќе се игра во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Веста ја потврди претседателот на ФС Аргентина, Клаудио Тапија и тоа после победата од 3:0 против Јамајка (ТУКА).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Горд сум што можам да објавам дека се договоривме со Скалони да остане до крајот на циклусот на Мундијалот 2026 година“, порачаа Тапија.

Подоцна стигна потвра и од Скалони.

„Разговарав со претседателот на оваа турнеа. Денес направивме голем чекор напред и среќен сум поради тоа. Сакам да продолжам со оваа група на играчи“, изјави Скалони за новинарите во Њујорк.

Со Аргентина Скалони ја освои Копа Америка во 2021 година со победата во финалето над Бразил, а во јуни оваагодина славеше во судирот со шампионот на Јужна Америка и Европа, во Лондон беа подобри од Италија со 3:0. Треба да се спомене и дека Аргентинците не знаат 35 натпревари за пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…