Дома Фудбал Во Бугарија убедени: УЕФА ќе ја казни Македонија

Во Бугарија убедени: УЕФА ќе ја казни Македонија

Бугарија во Скопје ја совлада Македонија со 0:1 и со тоа тие завршија како второпласирани во групата од Лигата на Нации.

Секако дека победата донесе големо задоволство кај нашиот сосед, меѓутоа многу се пишува и за дочекот кој го имаа во Скопје. Од Бугарија се убедени дека УЕФА ќе ја казни Македонија за однесувањето на навивачите на Арената.

Борислав Попов, извршниот директор на бугарската репрезентација го спореди однесувањето на македонските навивачи со она нивните во натпреварот против Англија пред три години. Тогаш тие беа обвинети за расизам.

„На нашиот натпревар свирежите беа многу потивки и делегатот ги опиша. Разговарав со колегите кои беа на натпреварот и ми кажа дека делегатот ги запишал. Сигурен сум дека такво хулиганско однесување нема да помине. Ние пред три години бевме казнети со 10.000 евра“, изјави Попов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …