Младинскиот тим на Победа кој е актуелен шампион на Македонија денес испишува историја.
За првпат тие ќе настапат на интернационална сцена како македонски претставник во УЕФА младинската Лига на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера вечер тие го одржаа планираниот тренинг под рефлектори на теренот со вештачка трева пред денешниот натпревар.
Во ведра и оптимистичка атмосфра фудбалерите ги одаботија последните задачи од страна на Стручниот штаб и подготвени го дочекуваат утрешниот историски премиерен меч во Младинската лига на шампиони.
Инаку противникот на Победа новата сезона на младинската лига на Северна Ирска за играчи до 18 години младинскиот состав на Колерајн има одиграно 3 натпревари во кои претрпел 3 порази и е на претпоследното место на табелата.
Во минатогодишниот шампионат на доминантен начин е освоена титулата младински првак на С.Ирска.
Денешниот натпревар се игра во терминот од 20:30 часот, реваншот е закажан за една недела во Битола.