Дома Фудбал Останато Видео: Чиле декласиран, Аргентина ремизираше, Бразил сигурен

Видео: Чиле декласиран, Аргентина ремизираше, Бразил сигурен

Синоќа се одигра 15.коло во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија. Во дербито на коло, во Монтевидео, Уругвај и Аргентина одиграа 0:0.

Уругвај и Аргентина одиграа натпревар без многу возбудувања, а поблиску до победа беше Аргентина. Голамнот Муслера во финишот на првиот дел од одбрани ударот на Дибала, а во 58-та минута не му дозволи на Меси да постигне гол од слободен удар.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Чиле доживеа вистински дебакл во дуелот со Парагвај. Брбените Парагвајци во Чиле славеа со 3:0. Видал си постигна авто-гол, а потоа Клаудио Браво го совладаа Касерес и Ортиз.

Бразил кој веќе избори пласман на Мундијалот, на домашен терен славеше над Еквадор со 2:0. Стрелци на головите беа Паулињо и Кутињо.

Табела: Бразил 36, Колумбија 25, Уругвај 24, Чиле 23, Аргентина 23, Перу 21, Парагвај, 21, Еквадор 20, Боливија 10, Венецуела 7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Младата ѕвезда на Реал во Барселона? Контроверзен трансфер на повидок

Според информации добиени од реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не плани…