Репрезентацијата на Србија вчера ја совлада Шведска со 4:1 и така остана во пласман за елитниот дел од Лигата на Нации.
Во последното коло Србите ќе имаат тешка задачата затоа што ќе гостуваат во Осло против Норвешка која е предводена од Ерлинг Халанд. Пикси од новинарите пред оваа средба беше запрашан како ќе го запрат Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Зошто ме прашувате мене? Јас не играм. Ако играв ќе ви одговорев. Морате да ги прашате играчите. Халанд е играч со одлични квалитети и ќе направиме се за да го запреме. Се надевам ќе најдеме начин како да го сториме тоа“, одговори селекторот на Србија.
Засега тој е задоволен од тоа како изгледа неговата репрезентација.
„Ова е фудбалот што сакам да го гледам во нашата репрезентација. Против Норвешка нема да менуваме многу, ќе излеземе на терен со нашата филозофија, па подобриот нека победи“, изјави Пикси.