Со тешка судбина се соочи романскиот клуб Астра Гиурги. „Црните ѓаволи“ како што гласи прекарот на овој клуб пред неколку дена го прославија 101-роденден, но на никој во клубот не му е до славење поради тоа што се случува.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот кој пред шест години беше шампион на Романија во текот на пандемијата влезе во сериозни финансиски проблеми. Фудбалерите не добиваа плати и бесплатно си заминуваа, а потоа во февруари сопственикот на клубот Лоан Николае заврши во затвор поради перење пари.




Former champions Astra, now in the third tier, lost 19-0 to Arsenal Tunari on Saturday. pic.twitter.com/icVkUPt2pq
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 25, 2022




На крајот на сезоната Астра испадна од друштвото на најдобрите, но потоа следуваше испаѓање и во третиот ранг натпреварување, а и таму на овој клуб не му оди како што треба.




Астра во третиот ранг натпреварување губи натпревари со неверојатни резултати. Вчера беа поразени со 19:0 од екипата на Арсенал Тунари и иднината на клубот воопшто не изгледа светла. Претходно имаа порази од 13:0, 10:0 и двапати по 3:0.



