Дома Фудбал Репрезентации Зајков: Против Бугарија е посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост

Зајков: Против Бугарија е посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост

Репрезентацијата на Македонија вчера беше поразена од Грузија со 2:0 во Тбилиси и така ги загубивме сите шанси за првото место кое води во плеј-офот за Европското првенство.

Македонија и во овој натпревар слично како и во Скопје во добар дел од натпреварот беше подобриот тим на теренот, но на крајот нашите пропуштени напади беа казнети.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Прво сакам да им честитам на Грузијците за победата, иако по мене таа беше незаслужена. Доминравме на терен, но противникот ги искористи шансите. Тоа е фудбалот, грешките се составен дел од оваа игра. Штета што ние не ги искористивме нашите шанси.

Во последниот натпревар од групата Македонија в понеделник во Скопје ќе ја пречека Бугарија.

„Сега против Бугарија на терен да истрчаме со подигнати глави. Не верувам дека ќе имаме психолошки пад на тој натпревар. Нашата цел е три бода, иако тие не ни се важни во овој момент. Против Бугарија ќе биде посебен натпревар, ќе играме за чест и гордост и за да ги израдуваме нашите навивачи со нова победа“, рече дефанзивецот.

Натпреварот против Бугарија е во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Џеко за војната: Не знаевме дали родителите ќе се вратат кога ќе одеа по храна

Един Џеко, капитен на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, премина во Фјорен…