Дома Фудбал Познато кој ќе ни суди против Бугарија во Скопје

Познато кој ќе ни суди против Бугарија во Скопје

Maкедонската фудбалска репрезентација денес од 18:00 часот го игра натпреварот против Грузија во рамките од Лигата на Нации, а додека сме во исчекување на таа средба пристигна информација за натпреварот со Бугарија в понделеник.

Бугарија и гостува на Македонија во последното коло од Лигата на Нации, ако сакаме да се бориме за првото место потребни ни се две победи. УЕФА денес го одреди судијата за натпреварот во Скопје, а тоа ќе биде Австриецот Џулијан Вајнбергер.

На Вајнбергер ќе му помагаат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицергер и Александар Харкам сите од Австрија.

Станува збор за судија кој нема некое големо интернационално искуство, а последен натпревар на репрезентативно ниво му е Грција – Косово во јуни кој заврши со победа на домаќините од 2:0. УЕФА двапати го делегираше летово и во натпревари од квалификациите за Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куп-битката со Тиквеш го отвора новиот домашен престој на Вардар во ФФМ

Вардар ќе ги пречека Тиквеш и Струга ТЛ во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Првиот пре…