Дома Фудбал Англија На три часа пред крајот, сагата околу Ван Дајк е заокружена: Каква е реакцијата кај навивачите на Ливерпул?

На три часа пред крајот, сагата околу Ван Дајк е заокружена: Каква е реакцијата кај навивачите на Ливерпул?

Речиси цело лето се пишуваше на големо за ова момче и заминувањето од Саутемптон, а на расплетот се чекаше до последниот момент.

Британски „Скај Спорт“ вели дека Вирџил Ван Дајк дефинитивно останува во Саутемптон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така пропаднаа повеќемесечните обиди Ливерпул да го ангажира, сакаа да го направат најскап стопер на сите времиња, беа подготвени да издвојат 70 милиони фунти, но од Саутемптон останаа имуни на тоа, но и на понудите од Челзи и Арсенал кои нудеа помала вредност.

Едноставно, одлуката на клубот е дека Ван Дајк не е на продажба, дали тоа му се допаѓа или не.

Секако, кога е во прашање последниот преоден рок, не треба да ги отфрли и последните сензационални пресврти, но за тоа сега остана само малкувреме, па Ливерпул сепак ќе остане без толку посакуваното засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…