Поранешниот соиграч на Елиф Елмас од Наполи, Костас Манолас минатото зимо изненади со трансферот во Олимпијакос.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со голема еуфорија Манолас беше дочекан во гигантот од неговата татковина меѓутоа си замина само девет месеци подоцна. Нов клуб во кариерата на грчкиот дефанзивец ќе биде Шаржа од Обединетите Арапски Емирати.




Заминувањето на Манолас доаѓа со цел да се ослободи буџетот на Олимпијакос за плати со оглед на тоа дека во овој преоден рок во Пиреа пристигнаа Марсело и Хамес Родригез.




Во Шаржа Манолас ќе им се придружи на Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер. Засега не е позната платата која Манолас ќе ја заработува во овој клуб.