Давид Силва кој во овој момент го носи дресот на Реал Сосиедад е парично казнет поради напад на жена на карневал на Канарските острови кој се одржал во јуни оваа година.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Обвинителството го прогласи Силва за виновен и тој мора да плати казна од 1080 евра за нападот врз жената која во таа ситуација се здобила со повреди на вратот раката.




Инцидентот се случил на 19. јуни на Канарските Острови, а во се биле вклучени уште братот на Силва и уште една личност. Шпанските медиуми објавија дека имало и закани со остри предмети.




Силва пред судот ја призна вината и прифати одредената казна. Во својата кариера Силва одигрa 125 натпревари за репрезентацијата на Шпанија и постигна 35 голови. Со „Фуријата“ стана светски и двапати европски шампион.