Дома Топ вести Левандовски: Полесно е да ја освоите „Златната топка“ во Барселона отколку во Баерн

Левандовски: Полесно е да ја освоите „Златната топка“ во Барселона отколку во Баерн

Полскиот офанзивец, Роберт Левандовски секако е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а тоа го докажува и во дресот на Барселона од поечтокот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Впечатокот е дека Левандовски во изминатите години ја заслужи „Златната топка“, но сепак пред него до наградата стигнуваа некои други играчи, најмногу се истакнува случајот во 2021 година кога Меси ја освои.

Левандовски не ја криеше желбата да стигне до ова престижно признание и таква цел има во неговиот нов клуб. Полскиот голгетер во неговата последна изјава истакна дека според него во Барселона полесно може да се дојде до оваа награда.

„Се чувствувам како да сум долго во Барселона. Не очекував навивачите да го скандираат моето име толку брзо. Барселона е тим кој дал најмногу освојувачи на „Златната топка“ и мислам дека патот до оваа награда е пократок кога сте во Барса отколку во Баерн“, изјави Левандовски.

Левандовски во Барселона пристигна за сума од 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…