Дома Фудбал Франција Каде се пари во прашање, таму има проблеми: Мбапе нема да се слика за Франција

Каде се пари во прашање, таму има проблеми: Мбапе нема да се слика за Франција

Пред натпреварите од Лигата на Нации денес француската репрезентација има закажано фотосесија со 14 спонзори и тие фотографии ќе се користат за промоција на репрезентацијата пред Светското првенство во Катар.

Меѓутоа на оваа фотосесија на Французите нема да се појави една од најголемите ѕвезди на овој состав, Килијан Мбапе. Проблемот настанал помеѓу Фудбалската федерација на Франција и еден од спонзорите на Мбапе. Во ФФФ одбиле да се менуваат имиџ правата само за Мбапе и еден од неговите спонзори.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Веќе од ФФФ потврдија дека фотосесијата дефинитивно поминува без Мбапе и изразија жалење што не успеале да пронајдат заеднички јазик.

Ова значи дека Мбапе ќе го нема на промотивните материјали за Франција во пресрет на Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Рамос пред крај на кариерата потпишува за еден од најголемите клубови на светот?!

Серхио Рамос ќе ја продолжи својата кариера во Европа и како што изгледа, многу брзо би мо…