Дома Македонски спорт Фотогалерија: Многу проблеми, но и голема желба за успех – фудбалерите го одработија првиот тренинг пред Грузија и Бугарија

Фотогалерија: Многу проблеми, но и голема желба за успех – фудбалерите го одработија првиот тренинг пред Грузија и Бугарија

Денес фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за натпреварите против Грузија и Бугарија.

Селекторот Благоја Милевски се соочи со големи проблеми поради повредите и натпреварувачката форма.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милевски и на прес-конференцијата при објавата на составот истакна дека не е задоволен од формата на репрезентативците, а дополнитено дојдоа вести и за повреди.

Од планираниот список отпаднаа Дарко Чурлинов, Валон Етеми и Стефан Ристовски. На местото на капитенот Ристовски денес дополнително беше повикан Егзон Бејтулаи.

Oд 17:00 часот попладнево беше одработен и првиот тренинг, иако со многу проблеми одиме по тоа прво место во групата која е пеколно тешко мисија со оглед на тоа дека Грузија е во многу подобра позиција од нас.

Грузија на првото место има 10 бода, ние на второто седум Бугарија три и Гибралтар еден.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Контроверзниот газда на Олимпијакос и Нотингем Форест обвинет за спортско насилство

Грчкиот суд го обвини претседателот на фудбалскиот клуб Олимпијакос Пиреус, Евангелос Мари…