Дома Трансфер зона Голманот на Грузија пред натпреварот против Македонија потпиша нов договор со Валенсија

Голманот на Грузија пред натпреварот против Македонија потпиша нов договор со Валенсија

Гиорги Мамардашвили во овој момент важи за еден од најдобрите млади голмани во Европа, но и најдобар голман во неговата Грузија.

Доказ за неговиот квалитет е и новиот договор кој го потпиша со Валенсија. Според новиот договор Мамардашвили се обврза на верност кон Валенсија до 2027 година.

Овој потпис на грузискиот голман доаѓа пред натпреварот против Македонија во Лигата на Нации. Мамардашвили настапи во натпреварот против нас во Скопје во кој успеа да ја сочува својата мрежа.

Сега Грузија ќе ја пречека Македонија на 23. септември (петок), три дена подоцна ќе играме против Бугарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Малаго би можел да стане специјален комесар на ФИГЦ

Фудбалската федерација на Италија се соочува со хаотична ситуација околу изборот на претсе…