Дома Фудбал Што ќе каже Реал за ова? Ди Марија со посебно барање до управата на ПСЖ!

Што ќе каже Реал за ова? Ди Марија со посебно барање до управата на ПСЖ!

Изгледа дека Ди Марија конечно одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, па по гласините дека ПСЖ сака да го продаде, одлучи да им соопшти на управата на францускиот клуб каде сака да игра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, шпанскиот „Sport“ пренесува дека Ди Марија им рекол на управата на ПСЖ и на тренерот Унаи Емери дека сака да се пресели во Барселона. Тој ја замоли управата да не му стојат на патот за реализација на овој трансфер.

Спортскиот директор на Барселона минатата недела изјави дека на Каталонците им се потребни уште две засилувања, а многумина сметаат дека тие две засилувања кои ги сака Барса се Анхел Ди Марија и Филипе Кутињо.

Во Барселона се запознаени со фактот дека Ди Марија сака да се пресели во нивните редови, но постигнување договор со ПСЖ, по сите контроверзии околку трансферот на Нејмар ќе биде исклучително тешко.

Она што би можело да им помогне на Барса и Ди Марија за да постигнат заедничка цел е фактот дека на тренерот на ПСЖ му се допаѓа стилот на игра на Андре Гомеш, фудбалерот на Барса, па до трансферот на Ди Марија во Барса би можело да дојде и како замена на овие два играчи, со секако дополнителна парична компензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…