Дома Фудбал Меси за Федерер: Гениј, единствен во историјата на тенисот…

Меси за Федерер: Гениј, единствен во историјата на тенисот…

Aргентинецот и фудбалер на ПСЖ, Лионел Меси испрати големи пофалби за Роџер Федерер кој најави дека заминува во пензија.

„Гениј, единствен во историјата на тенисот и пример за секој спортист. Му посакувам се најдобро во неговата нова фаза од животот, ќе ни недостасува да те гледаме на теренот и да уживаме“, објави Меси на социјалните мрежи.

Федерер вчера најави дека се повлекува од активното играње тенис после Лајвер Купот. Ова натпреварување е на програмата од 23. до 25. септември во Лондон.

Швајцарецот не играл од минатогодишниот Вимблдон откако му беше направена операција на коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…