Македонскиот шампион Вардар и фудбалерот Дамир Којашевиќ, се договорија за спогодбен раскин на договорот, соопштија денес „црвено-црните“ на својата официјална страна.
Којашевиќ дојде во Вардар во јануарскиот преоден рок во 2016 година, и за Вардар забележа точно 50 настапи, на кои постигна 13 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Којашевиќ зад себе запиша 40 настапи во првенството, седум во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, и три во Купот на Македонија.
Вардар му се заблагодарува на Којашевиќ за заедничката соработка во овие 1,5 година, и му посакува многу успех во новиот клуб.