Илија Несторовски конечно почнува да добива минутажа во Удинезе, македонскиот напаѓач одигра два натпревари под водство на Андреа Сотил и забележа една асистенција.
Нестор асистираше против Монца кон крајот на август за победа од 2:1, а во последнното коло откако влезе во игра Удинезе направи пресврт и победи со 3:1 против Сасуоло.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На почетокот од сезоната Удинезе е едно од најпријатните изненадувања во Серија А. Тимот на македонскиот напаѓач има четири победи на шест натпревари.
„Не си поставувам цели за голови да ги остварам. Ќе видиме како ќе течат работите. Секогаш сум спремен да дадам 100% кога тренерот ќе ме повика. Главната цел ми е да му помогнам на тимот. Среќен сум што останав, среќно е и семејството затоа што нивна беше желбата да останеме тука“.
Удинезе има 13 бода и тоа еден помалку од лидерското место на кое Аталанта, Наполи и Милан имаат по 14.
„Прекрасно е кога имате серија победи, се надевам дека вака ќе продолжиме. Оваа сезона сонуваме за многу повеќе. Доаѓањето на Сотил донесе многу од првиот ден на тренинзите, најважно е што направи сите да се чувствуваме важни“, изјави Несторовски.
Во следниот натпревар Удинезе ќе игра против Интер кој засега нема резултати како што очекуваше.