Дома Фудбал Останато Ванда го шокирала Галатасарај со листата на барања

Ванда го шокирала Галатасарај со листата на барања

Мауро Икарди се пресели на позајмица во Галатасарај до крајот на сезоната, а неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара поставила шест услови за турскиот клуб кои мора да се исполнат.

Турските медиуми објавија дека челниците на Галатасарај останале шокирани кога Ванда им доставила список со шест барања кои морале да ги исполнат пред Икарди да го потпише договорот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ванда барала личен возач кој мора да биде достапен 24 часа во денот за целото семејство, покрај тоа клубот морал исто така да обезбеди и личен готвач.

Ванда Нара исто така барала куќата во која ќе живеат да има максимално обезбедување и да ги исполнува сите нејзини други услови и барања. Додека да ја пронајдат идеалната куќа, Ванда и Мауро со петте деца ќе бидат сместени во хотел кој ќе го плаќа клубот.

Клубот исто така е должен да најде училиште за нивните деца. Последното барање на Ванда било и нејзините деца да имаат обезбедување додека се на училиште. На крајот челниците на Галатасарај и ги исполниле сите желби на Ванда Нара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендата од Серија А ја отвори душата: „Откако почина синот, ми се уништи животот засекогаш

Поранешниот фудбалер Диего Фузер, кој за време на својата кариера играше за големи клубови…