Дома Фудбал Камерите го „уловија“: Асенсио се налути кога сфати дека нема да влезе во игра 🎥

Камерите го „уловија“: Асенсио се налути кога сфати дека нема да влезе во игра 🎥

Реал Мадрид на свој терен вчера ја победи Мајорка со 4:1 во рамки од 5. коло во шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ така успеаа да дојдат до нови три бода, иако Мајорка имаше водство на „Бернабеу“. Во второто полувреме Реал направи пресврт со головите на Винисиус, Родриго и Рудигер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа не беа баш сите фудбалери на Реал среќни после овој триумф. Во текот на летото се шпекулираше за заминување на Асенсио, но тој на крајот остана во Мадрид. Вчера Анчелоти го испрати на загревање во второто полувреме, а сепак на крајот не влезе во игра.

Камерите го забележаа незадоволството на Шпанецот кога му стана јасно дека ќе остане на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Му ја „украде“ жената на соиграчот, а потоа го погоди голема трагедија: Неговиот син настрада во тешка сообраќајка

Михаел Балак ќе биде запаметен како еден од најголемите губитници во историјата на фудбало…