Дома Топ вести Атлетико не е загрижен од тужбата и нема да ја менува стратегијата со Гризман

Атлетико не е загрижен од тужбата и нема да ја менува стратегијата со Гризман

Атлетико нема да ја менува стратегијата во спорот со Барселона за Антоан Гризман.

Французинот моментално е на позајмица во Атлетико Мадрид, но не добива голема минутажа бидејќи „јорганџиите“ намерно не го користат за да не мора да ја платат задолжителната откупна клаузула на крајот на сезоната.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во договорот за позајмица на Гризман има клаузула според која „јорганџиите“ ќе треба да платат 40 милиони евра за напаѓачот доколку одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите во текот на сезоната.

Шпанските медиуми објавија дека Барса планира да го тужи Атлетико, но на вчерашниот дуел против Селта Гризман повторно влезе во игра во 60-та минута.

После мечот претседателот, Енрике Серезо изјави дека клубот не е загрижен од тужбата и нема да ја менува стратегијата.

Ако не се реши ситуацијата, Гризман ќе се врати во Барса на крајот на сезоната, а бидејќи е под договор до 2024, неговата висока плата ќе биде нова голема пречка за каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Бензема може да потпише за Фенербахче

Карим Бензема после една година помината во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европ…