Дома Фудбал После Пјаниќ и Џеко не сака да игра против Русија

После Пјаниќ и Џеко не сака да игра против Русија

Босна и Херцеговина закажа пријателски натпревар против Русија, а ваквиот потег на оваа земја предизвика реакции кај јавноста, но и кај фудбалерите.

Миралем Пјаниќ прв јавно кажа дека не е добро во овој момент да играат против Русија истото сега го направи и напаѓачот на Интер, Един Џеко.

„Јас сум против играњето таков натпревар додека страдаат невини луѓе. Секогаш сум бил исклучиво за мир и сакам да се солидаризирам со луѓето во Украина во овие тешки моменти за нив“, изјави Џеко.

Натпреварот помеѓу Босна и Русија е закажан на 19. ноември во Санкт Петербург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…