Пред само четири години Габриел Магаљес беше дел од Динамо Загреб како позајме нфудбалер од Лил, меѓутоа се избори само за еден настап во првиот и десет во вториот тим на хрватскиот гигант.
Сепак, таквата ситуација не го откажа и продолжи напороно да работи, денес тој стана и репрезентативец на Бразил. Името на Габриел се најде на списокот од 26 фудбалери кој го објави селекторот Тите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемото изненадување на списокот е што го нема неговиот соиграч од Арсенал, Габриел Жеусс кој игра во одлична форма. Исто така ги немаше и Кутињо и Алвес.
„Списокот со играчи за Мундијалот не е затворен. Има фудбалери кои допрва можат да се изборат за место“, изјави Тите при објавувањето на играчите.
После периодот во Динамо каде што не се прослави тој се врати во Лил, а од таму по добрата форма за 27 милиони евра се пресели во Арсенал.
СПИСОКОТ НА БРАЗИЛ
Голмани: Алисон Бекер, Едерсон, Вевертон.
Одбрана: Тијаго Силва, Бремер, Милитао, Маркињос, Ибањез, Данило, Алекс Сандро, Алекс Телјес.
Среден ред: Каземиро, Евертон Рибеиро, Фабињо, Фред, Лукас Пакета, Бруно Гимараеш.
Напад: Нејмар, Винисиус, Рафиња, Фирмино, Педро, Матеус Куња, Антони, Родриго, Ришарлисон.