Излегувањето на навивачите во пресрет е една од работите на кои посебно се обрнува внимание на „Олд Трафорд“.
Англичаните за во Русија треба да добијат виза, таа ниту малку не е евтина, чини околу 118 фунти, па управата на Манчестер Јунајтед одлучи да им плати на своите навивачи кои ќе одлучат да одат во Москва да го бодрат својот клуб на натпреварот против ЦСКА во рамки на ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капацитетот на стадионот на кој ќе се одигра овој меч е околу 30 илјади места, гостите имаат право на 5% од влезниците, тоа значи дека навивачите на Јунајтед ќе бидат околу 1500, па управата ќе издвои нешто повеќе од 177 илјади фунти.
„Ѓаволите“ ќе гостуваат кај рускиот вицешампион во второто коло од елитното натпреварување, а тој меч на програмата е на 27. септември.
Освен Јунајтед и ЦСКА во оваа група се наоѓаат и Бенфика и Базел.