Tренерот на Интер Симоне Инѕаги е во тешка ситуација откако доби ултиматум од клубот кој мора да го исполни ако сака да остане.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер загуби три од последните пет натпревари и тоа секако не им се допадна на челниците. Како замена за Инѕаги медиумите го најавуваат Дејан Станковиќ. Српскиот стратег и легенда на Интер ќе седне на клупата ако Инѕаги не победи на следните три натпревари.




Првиот натпревар е утре дома против Торино, потоа следи натпревар во Лигата на шампионите на гости кај Викторија Плзен, па гостински натпревар во Серија А против Удинезе.




Неодамна Станковиќ си замина од клупата од Црвена Звезда и е без ангажман. Станковиќ е вистинска играчка легенда на Интер и дресот на овој клуб го носеше на 231 натпревар и постигна 29 голови.