Вечерва се одиграа преостанатите натпревари од првото коло во Лигата на шампионите.
Во натпреварот кој беше означен како дерби на вечерта Баерн Минхен забележа сигурна победа против Интер од 0:2. Резултатски Баерн не беше толку убедлив, но на теренот и тоа како беше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер тешко доаѓаше до позиција да го загрози голот на Ноер, баварците играа сигурно и ги контролираа случувањата на теренот. Така беше преку целиот натпревар. Головите ги постигнаа Сане во 25. минута, а во 66. Д’Aмбросио си постигна автогол.
Ливерпул од Неапол се враќа со убелдив пораз. Наполи ги победи „црвените“ со 4:1. Резултатот беше отворен после само пет минути игра кога Зјеленски погоди од белата точка. Во 18. минута Наполи доби нов пенал, овој пат изведуваше Осимен и не реализираше.
До 2:0 Наполи стигна после половина час игра преку Ангуис. Џовани Симеоне само три минути влегувањето во игра на местото на Осимен во 44. минута стрелаше за 3:0. Само што почна второто полувреме Наполи постигна и четврт гол, вторпат во листата на стрелци се запиша Зјлински.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот, влезе на местото на двократниот стрелец Зјелински.
Барселона како и што се очекуваше немаше проблеми против Викторија Плзен и оствари убедлива победа од 5:1. Роберт Левандовски уште на првиот натпревар за Барса во ЛШ постигна хет-трик. Преостанатите два гола беа дело на Кеси и Торес. Почесниот гол за гостите го постигна Сикора.
Тотенхем не дозволи изненадување и на домашен терен го доби Марсеј со 2:0. Работата на Французите беше отежната и поради црвениот картон на Мбаемба во 48. минута. Победата на „петлите“ ја донесе Ричарлисон со двата гола во вториот дел.
Клуб Бриж го изненади Баер Леверкузен и славеше со 1:0, Атлетико Мадрид во драматичен финиш беше подобар од Порто со 2:1.