Европското првенство во кошарка е пред самиот почеток, големиот собир на најдобрите европски репрезентации ќе започне утре со натпреварот помеѓу Словенија и Полска во 12:45 часот.
За жал македонската репрезентација која е далеку од најдобрите денови не успеа да избори пласман на 42 европско првенство на кое титулата ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога сме кај другите селекции, скоро ниту една од пласираните репрезентации не е во полн состав, дел од кошаркарите го пропуштија поради повреда, а дел одлучија дека за нивните кариери најдобро е да не ги бранат боите на својата селекција на собирот на најдобрите европски селекции.
Од селекциите кои се издвојуваат како фаворите комплетна е репрезентацијата Литванија на последното европско првенство беше поразена во финалната пресметка од актуелниот шампион Шпанија.
Европското првенство ќе трае 18 дена, а финалната пресметка ќе се одигра на 17 септември.