Атлетико нема да ја менува стратегијата во спорот со Барселона за Антоан Гризман.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот моментално е на позајмица во Атлетико Мадрид, но не добива голема минутажа бидејќи „јорганџиите“ намерно не го користат за да не мора да ја платат задолжителната откупна клаузула на крајот на сезоната.




Во договорот за позајмица на Гризман има клаузула според која „јорганџиите“ ќе треба да платат 40 милиони евра за напаѓачот доколку одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите во текот на сезоната.




31-годишниот Французин беше на клупата на секој од првите четири натпревари на Атлетико досега, влегувајќи во второто полувреме и не забележа повеќе од 30 минути игра.




Најавите се дека Атлетико ќе продолжи со стратегијата да го внесува во игра Гризман во вториот дел додека Каталонците не се согласат на намалување на откупот на играчот.