Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе и Халанд незадржливи, Реал сигурен🎥

Мбапе и Халанд незадржливи, Реал сигурен🎥

Лигата на шампиони и оваа сезона започна со многу возбудувања, а во првиот ден фаворитите главно ја оправдаа својата улога.

Во дербито на вечерта Пари Сент Жермен го победи Јувентус со 2:1, а херој за „светците“ беше Килијан Мбапе.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Французинот фуриозно го започна натпреварот и постигна прекрасен гол во 5-та минута после асистенција на Нејмар. Дваесет минути подоцна Мбапе зголеми на 2:0. Во вториот дел Јувентус успеа да намали преку Мекени, но не успеа да дојде до бод.

Реал Мадрид рутински стигна до победа на гостувањето кај Селтик со 3:0, иако Бензема излезе од игра поради повреда после триесетина минути. Винисиус, Модриќ и Азар беа стрелци за „кралевите“.

Милан не успеа да стигне до победа против Салцбург и одигра 1:1 на гостувањето во Австрија, а Манчестер Сити беше убедлив против Севиља со 4:0, каде Халанд постигна нови два гола во ЛШ.

Лајпциг беше прегазен на свој терен од Шахтјор со 1:4, а Бенфика беше сигурна против Макаби со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ангеловски им даде поддршка на македонските фудбалери пред мечот со Данска (ФОТО)

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски испрати поддршка до репрезентативците пред…