Работите полека се менуваа, Реал Мадрид во овој момент води многу подобра транафер политика од онаа на Барселона.
Тони Крос, Марко Асенсио, Лукас Васкез, Дани Себалос, Лука Модриќ, Касемеиро и Иско. За сите заедно Реал Мадрид плати вкупно 144.000 милиони евра, додека Барселона ова лето исплати само шест повеќе за Осман Дембеле.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веројатно ниту Пеле од најдобрите денови не може повеќе да допринесе во играта отколку овој октет на „кралевите“. Впрочем, тешко дека во овој момент постои по квалитетен среден ред во Европа од оној кој го создаваат Модриќ, Крос и Касемиро, а кога на овие тројца ќе се додадат се подобриот Васекез (производ на школата на Реал), па и Ковачиќ, суперталентираниот Себалос, докажан ас како Иско и можеби пред сите Марко Асенсио кој е во центарот на вниманието овие денови, станува јасно дека Барса го „изгуби компасот“.
Meѓутоа кога ви „гори под нозете“ немате премногу простор за избирање, а после заминувањето на Нејмар во ПСЖ тешко дека во светот на фудбалот постоеше човек врз кој има поголем притисок од претседателот на Барселона, Бартомеу.
Не така одамна од младинската школа на Барселона излегуваа големи играчи како Лионел Меси, Андрес Иниеста, Чави…Од друга страна Реал трошеше огромни суми на засилување и повторно беше чекор зад каталонците.
Но како што одминуваше времето тимот на Реал растеше, а веројатно најдобриот потег Перез го направи кога на клупата го постави Зинедин Зидан кој воведе вистинска „револуција“ во тимот.
За крај сумите за кој Реал ги доведе споменатите осум фудбалери.
Дани Себалос – 16.5 милиони евра
Матео Ковачиќ – 30 милиони евра
Тони Крос – 29 милиони евра
Иско – 29 милиони евра
Касемиро – 6 милиони евра
Лука Модриќ – 29 милиони евра
Лукас Васкез – 1 милион евра
Марко Асенсио – 3.5 милиони евра