Maкедонскиот фудбалер од редовите на Вараждин, Агон Елези доби повик од селекторот Благоја Милевски за септемврскиот циклус од Лигата на Нации.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Повикот на Елези го потврдија од хрватскиот клуб. Елези констатно прикажува добри настапи за Вараждин, а повикот доаѓа после двата гола изминатиот викенд со кои неговиот тим ја победи Горица со 2:1.




Македонија ја очекуваат два натпревари во Лигата на Нации во септември, прво на 23. против Грузија, а потоа на 26. против Бугарија.




Во кариерата Елези настапуваше за Скендербег од Албанија и Шкупи, настап за сениорската репрезентација се уште нема.