Реал Мадрид со нов договор сака да го награди дефанзивецот, Начо Фернандез, пренесуваат шпанските медиуми.
Раководството на „белите“ е подготвено на искусниот дефанзивец да му понуди нов договор – до летото 2024 година, што е 12 месеци подолго од сегашниот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
32-годишниот Начо минатата сезона забележа 42 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид и постигна три гола. „Кралевите“ ја освоија титулата во Ла Лига и триумфираа во Лигата на шампионите.
Поранешниот шпански репрезентативец е дете на клубот, а веќе цели 11 години е дел од првиот тим.