Дома Фудбал Останато Пол Погба го заштитил братот во полиција

Пол Погба го заштитил братот во полиција

„Франс инфо“ откри повеќе детали за скандалот кој изби околу Пол Погба и неговите тврдења дека бил уценет од неговите познаници од детството, меѓу кои и неговиот брат Матијас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приказната стана главна тема во последните неколку недели откако постариот брат сподели неколку видеа на социјалните мрежи во кои се заканува дека ќе открие сензационални вести околу Пол Погба кои би можеле да ја свртат наопаку неговата кариера.

Во меѓувреме, фудбалерот го обвини својот брат дека е дел од шемата за изнудање која траела со години.

„Франс инфо“ откри детали од второто појавување на Пол Погба пред полициските власти. Таму тој ги негирал тврдењата на неговиот брат дека најмил шаман да му прави црна магија на Килијан Мбапе. Неговата верзија е дека станува збор за градски старешина со кого контактирал за добротворна иницијатива поврзана со деца во Африка.

Погба, исто така, го бранел Матијас пред властите, велејќи дека верува дека неговиот брат не учествувал доброволно во изнудата, туку бил принуден да влезе во шемата.

Пол, исто така, на полицијата и покажал порака од неговиот брат, добиена по неговото преселување во Јувентус, која гласела: „Дали ќе се сетиш на нас, откако го доби бонусот за потпис“.

Погба изјави дека морал два пати да го менува телефонскиот број од почетокот на заканите, кои вклучувале и влегување на непознати лица во куќата на неговата мајка во јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …