Дома Фудбал Италија Алегри доби добри вести пред натпреварот против ПСЖ

Алегри доби добри вести пред натпреварот против ПСЖ

Јувентус утре го очекува натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ, а тренерот Масимилијано Алегри доби добри вести пред овој натпревар.

Анхел Ди Марија и Адриен Рабио работеа заедно со остатокот од тимот и ќе бидат спремни за дербито во Париз. Пол Погба не се враќа на терените и уште ќе почека, но добро е што Французинот веќе два дена тренира.

Според информациите од италијанските новинари Погба тренирал одвено од групата и веќе почнал да работи со топка.

Ќе потсетиме, Погба одби да прави операција и неговата повреда на менискусот се третира на конзервативен начин. Засега неговото точно враќање на терените не е утврдено, меѓутоа започнувањето со тренинзи секако е добар знак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона игра чудесно, го има најдобриот старт во историјата на клубот

Под водство на Ханси Флик, Барселона го оствари својот најдобар старт на една сезона во ис…