Дома Македонски спорт Дориан Бабунски може да се врати во Бугарија

Дориан Бабунски може да се врати во Бугарија

На почетокот на оваа година Дориан Бабунски имаше одлични настапи во тимот на Ботев Враца и тоа му донесе трансфер во Дебрецин.

Добро започна Дориан и во унгарскиот прволигаш, но потоа дојде до промена на комплетната структура во клубот, си замина и тренерот, па македонскиот репрезентативец падна во втор план.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквата ситуација сака да ја искористи ЦСКА 1948 која би можела да го врати напаѓачот во Бугарија.

Оваа информација ја објави еден од најпознатите бугарски спортски медиуми „Спортал“. Според нивните информации ЦСКА е максимално фокусирана во намерата да го доведе Бабунски кој во кариерата настапуваше уште во Шпанија, Словенија и Јапонија.

Ќе потсетиме во Дебрецин настапува и братот на Дориан, Давид Бабунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…