Денес ракометната федерација на Македонија го исполни ветувањето и на одржаната седница го изгласа предлогот за награда од 700.000 денари за репрезентавците до 18 години.
Кадетите оваа награда секако ја заслужија со настапоит на ЕХФ шампионатот во Рига каде што го освоија турнирот минатиот месец. На пет натпревари нашите млади ракометари забележаа пет победи и покажаа дека Македонија не треба да стравува за иднината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Исто така РФМ денес го усвои и предлогот на Драган Начевски да му се додели признанието „8 Септември“ за животно дело и придонесот во спортот.
На денешната седница присуствуваа сите селектори на репрезентациите Кире Лазаров, Љубомир Савевски, Бранко Ангеловски и Раде Стојановиќ кој беше предводникот на кадетите на ЕХФ шампионатот.