Белгискиот напаѓач Мичу Батшуаи е најголемиот губитник во летниот преоден рок.
Овој 28-годишник се уште има договор со Челзи до летото 2023 година, иако поголемиот дел од својот престој во Лондон го помина на позајмици. Батшуаи во Челзи пристигна летото 2016 година од Марсеј за 40 милиони евра, но на „Стенфорд Бриџ“ не ги оправда очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се очекуваше Белгиецот во финишот од преодниот рок да го напушти Челзи и неговото преминување во Нотингем Форест беше завршена работа, меѓутоа се пропадна во последните минути од преодниот рок.
Челниците на Челзи и Нотингем постигнаа договор и изгледаше дека сигурно Батшуаи се сели во овој клуб, а на крајот се потврди дека нема ништо од овој трансфер.
Имено, клубовите не успеале на време да ја испратат целата документација околу трансферот и на крајот челниците на Премиер лигата не можеа да го официјализираат овој трансфер.