Maртин Брајтвајт и дефинитивно ја напушта Барселона, денес во последниот ден од преодниот рок ќе потпише договор со Еспањол.
Кога пред две ипол години на Барселона и „гореше под нозете“ направи се за да го доведе во своите редови, но во меѓувреме ситуацијата се промени и Брајтвајт стана вишок во каталонскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е Чави кој првиот сакаше да се ослободи од него, но Барселона никако не успеваше да се ослободи од него, Данецот ги одбиваше сите понуди. Така беше се до денес. Брајтвајт ќе продолжи да живее во Каталонија затоа што постигна договор со Еспањол.
Данскиот фудбалер веќе пристигна на лекарски прегледи после што ќе потпише тригодишен договор. Ова веројатно значи дека Раул Де Томас си заминува од Еспањол, најверојатно продолжува во Премиер лигата во Фулам.
Брајтвајт за две ипол години на „Камп Ноу“ одигра 58 натпревари и постигна 10 гола и подели пет асистенции.