Дома Останати Започнува СЕХА лигата со македонско дерби!

Започнува СЕХА лигата со македонско дерби!

Три натпревари денес ќе ја отворат новата сезона во регионалната ракометна СЕХА лига. Во новото првенство ќе играат 10 екипи, титулата ја брани Вардар, а покрај „црвено-црните“ македонски преставник ќе биде и Металург.

Покрај Македонија, по два тима во лигата имаат Хрватска (Загреб, Нексе), Словенија (Цеље, Горење), Србија (Динамо Панчево, Војводина), додека Брест Мешков и Татран Прешов се преставници на Белорусија, односно Словачка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа сезона во лигата нема да учествува унгарскиот шампион Веспрем.

Стартот на лигата ќе го обележи македонското дерби Металург-Вардар, кое ќе се одигра в сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар добива големо засилување од Војводина

Ракометниот гигант Вардар прави сериозен чекор кон засилување на ростерот во клучниот дел …