Долго траеа преговорите, но на крајот се завршија – Фабијан Руиз е нов фудбалер на ПСЖ.
Вчера вечер клубот од Париз го потврди трансферот на соиграчот на Елиф Елмас од Наполи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со задоволство можеме да објавиме дека Фабијан Руиз потпиша петгодишен договор со нашипт клуб, шпанскиот фудбалер се обврза на верност до 30. јуни 2027 година“, стои во соопштениет од ПСЖ.
Наполи од трансферот на Руиз ќе добие 21 милион евра. Во Париз Руиз пристигнува на местото Леандро Паредес кој денес треба да ги помине медицинските прегледи и да отпатува во Торино на потпис со Јувентус.
🆕❤️💙 #WelcomeFabián pic.twitter.com/HjLDfhBjrX
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 30, 2022