Дома Македонски спорт Tренерот на Абердин до Миовски: Не треба да ги препушта пеналите, сакам да биде најдобар стрелец!

Tренерот на Абердин до Миовски: Не треба да ги препушта пеналите, сакам да биде најдобар стрелец!

Бојан Миовски има фантастичен старт на својата епизода во Абердин и брзо стана миленик на сите во клубот.

Миовски веќе има пет голови во дресот на шкотскиот тим, лесно можеше да има и шест, но во минатото коло кога имаше прилика за хет-трик му го препушти пеналот на својот соиграч Висенте Бесијуен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа ситуација сега ја коментираше тренерот на Абердин, Џим Гудвин. Гудвин му порача на Миовски во иднина да не ги препушта пеналите затоа што сака да биде најдобар стрелец.

„Сакам Бојан да биде најдобар стрелец во лигата и да го предводи нападот на Македонија против Грузија и Бугарија. Јас сум тренер кој сака да види борба од играчите за секоја можност да реализираат, никако во таква ситуација не треба да ја препушта топката. Зборувавме и се шегувавме за тоа, но поинаку ќе беше ако Вини не погодеше“, изјави Гудвин.

Во овој момент Миовски на листата на стрелци има еден гол помалку од играчот на Селтик, Кјого Фјурнаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…