Дома Фудбал Баерн Минхен прв фаворит во Лигата на шампиони

Баерн Минхен прв фаворит во Лигата на шампиони

Баерн Минхен е најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, објави „Платформа 538“, која се занимава со аналитички проценки на сите релевантни фудбалски натпреварувања.

Според оваа проценка, Баерн има 21 проценти шанси да ја освои Лигата на шампионите. На второто место е Манчестер Сити со 18, додека Пари Сен Жермен е трет со 13.

Ливерпул е четврти фаворит во оваа сезона во со 11, додека првакот Реал Мадрид е петти со шест проценти.

Најмалку шанси да триумфира има Макаби Хаифа, или поточно на израелскиот шампион му се даваат помалку од еден процент да слави во најдоброто европско клупско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…