Дома Фудбал Останато Извлечени и групите за Конференциската лига

Извлечени и групите за Конференциската лига

По излечените групи во Лигата на Европа, денес во Истанбул се влечеа и групите во третото по ранг натпреварување, Конференциската лига.

Единствениот македонски фудбалер кој ќе игра во овој натпреварување ако остане во Пјуник е Марјан Радески. Пјуниќ ќе игра во група со Базел, Слован Братислава и Жалгирис.

Партизан во Белград ќе пречека екипи од најсилните првенства, Келн и Рен, во таа група е уште и Словачко. Од фаворитите во ова натпреварување Виљареал ќе игра против Хапоел Бер-Шева, Австрија Вина и Лех Позннањ, Вест Хем доби група со Стеауа, Андерлехт и Силкеборг.

Италијанската фиорентина во А-конкуренцијата ќе се сретне со Башакшехир, Хартс и РФС Рига. Натпреварите во групната фаза започнуваат на 8. ми септември и ќе се играат до 3. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…