Дома Фудбал Eвропа ја чека ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите

Eвропа ја чека ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите

Со вчерашните одиграни натпреварот во плеј-офот познати се и сити учесници во новото издание на Лигата на шампионите, а за денес е закажана ждрепката за групната фаза.

Како и секогаш клубовите се поделени во четири шешири. Македонија оваа година во најелитното европско натпреварување ќе има тројца претставници и тоа Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои вчера го испратија Бодо Глимт во Лигата на Европа и Елиф Елмас со Наполи.

ШЕШИР 1: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер Сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто и Ајакс

ШЕШИР 2: Ливерпул, Челси, Барселона, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севиља, РБ Лајпциг и Тотенхем

ШЕШИР 3: Борусија Дортмунд, РБ Салцбург, Шахтар, Интер, Наполи, Бенфика, Спортинг Лисабон и Баер Леверкузен

ШЕШИР 4: Ренџерс, Динамо Загреб, Марсеј, Копенхаген, Клуб Бриж, Селтик, Викторија Плзен и Макаби Хаифа

Групната фаза поради Светското првенство во Катар треба да заврши за помалку од два месеци, па така првото коло коло е закажано за 6/7 септември, а последното 1/2 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс застана зад Палмер: „Лага е дека не сака да игра за Англија!“

Морган Роџерс ги отфрли сомнежите во посветеноста на Кол Палмер кон репрезентацијата, доде…