Дома Фудбал Италија Бонучи објасни зошто го напушти Јувентус и се пресели во Милан: За тоа треба да имаш ма..ња!

Бонучи објасни зошто го напушти Јувентус и се пресели во Милан: За тоа треба да имаш ма..ња!

Трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан беше еден од најшокантните ова лето во Италија, па и во цела Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бонучи одличи после седум години да го напушти Јувентус и за 40 милиони евра се пресели во редовите на големиот ривал Милан.

Навивачите никогаш нема да му простат за таквиот потег и веднаш го нарекоа „кукавица“, „предавник“ и „платеник“, а денес Бонучи објасни зошто се одлучил на таков чекор.

„Одлучив да го напуштам Јувентус поради одлуките кои ги донесе раководството. Клубот и тренерот минатата сезона донесоа некои одлуки кои нормално е да имаат последици. На крајот јас донесов своја одлука да се разделам со Јувентус“, истакна Бонучи.

„Не заминав поради пари, тие кои ме напаѓаат не знаат дека јас последната година во Јуве заработував исто колку што заработувам сега во Милан. Донесов храбра одлука, за да се преселиш од Јуве во Милан потребно е да имаш мадиња. Тоа што ме критикуваат фановите е нешто што ќе го однесе ветерот, она што останува е титулите кои ги освоив со Јувентус“,заклучи италијанскиот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…