Брегалница добива уште едно големо засилување за актуелната сезона во името на колумбискиот фудбалер со македонски пасош, Себастијан Херера.
27-годишниот Херера, кој е поранешен фудбалер на Работнички, во редовите на Брегалница сега доаѓа од унгарскиот МТК Будимпешта каде повеќе од успешно настапуваше изминативе две сезони.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Херера, кој е и со репрезентативен потенцијал, имаше одлични настапи за МТК изминативе две години, но по испаѓањето на клубот во втората унгарска лига неизбежно следеше разделба.
По заминувањето од Унгарија, се одлучи да го прифати предизвикот потпишувајќи за нашиот клуб.
Колумбиецот со македонски пасош игра на левокрилната дефанзивна позиција, но често е и со офанзивни задачи по левата страна од теренот.
Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, хрватскиот напаѓач Патрик Џалто, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.